133
24 годишниот
фудбалер на ПСЖ, Џулијан Дракслер нема да го напушти францускиот првак ова
лето, тврди неговиот агент, и покрај шпекулациите кои се појавија за
германскиот репрезентативец.
ПСЖ е сериозно
заинтересиран да во своите редови го доведе Жером Боатенг, а тимот од Париз
повторно се врати во игра за него па сега понуди и трампа, во која го вметна
токму Дракслер.
Сепак, неговиот
агент очигледно нема намера туку-така да го пушти својот фудбалер да си замине
од францускиот првак, па се одзва на шпекулациите поврзани за Германецот.
„Секако дека Џулијан
ќе остане во Париз“ рече Роџер Витмен.