„Светците“ ова
лето веќе приредија една трансфер бомба и го го купија Нејмар за рекордни 222
милиони евра.
Гигантите ширум
Европа не се импресионирани од ваквиот потег, но очигледно допрва ќе бидат
изненадени доколку се реализираат последните најави.
ПСЖ со недели
преговара со Монако да го купи Килијан Мбапе, но младиот Французин не им е
единствена желба.
Скај Италија пренесува дека клубот од Париз сака во пакет да го купи и Фабињо и
тоа за фантастични 220 милиони евра.
Лукас Мура би
можел да биде жртвуван за да се намали оваа сума и Бразилецот да се пресели на
„Луј Втори“ Стадинот како дел од трансферот на Мбапе и Фабињо на „Паркот на Принцовите“.
Останува да се
види како УЕФА ќе реагира доколку се комплетира една ваква зделка, зошто се појасно
станува дека ПСЖ го исмева финансискиот фер плеј кој беше донесен за токму
ваквото лудо трошење на богатите сопственици да се стави под контрола.