ПСЖ ептен ја утна, купија фудбалер од Сенегал, се пофалија дека е дефанзивец од Холандија (ФОТО)

by
1 минути читање

ПСЖ го „бркаше“
Сенегалецот од јануари месец, Евертон одби да го продаде фудбалерот од средниот
ред во зимскиот преоден рок, но сега даде зелено светло па Идриса Гана Геј
денеска се пресели во Париз во зделка вредна околу 32 милиони евра.

За играч кој е
желба на Томас Тухел повеќе од половина година, администратот на Твитер
профилот на ПСЖ изгледа како да нема поим за какво засилување станува збор.

Во постот на
Твитер со кој беше соопштен трансферот, Идриса Гана Геј беше преставен како
дефанзивец од Холандија. Грешката за кратко време беше поправена, но ваквиот
кикс не беше пропуштен од будното око на фудбалските сеирџии.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×