ПСЖ без Мбапе на реваншот против Борусија Дортмунд?

by
1 минути читање

Младиот напаѓач
на францускиот првак ПСЖ, Килијан Мбапе го пропушти денешниот тренажен циклус
во пресрет на реванш пресметката со Борусија Дортмунд во осминафиналето од
Лигата на шампионите.

Настинка е
причината поради која 21 годишниот напаѓач денеска не беше во можност да
тренира, но се отвора голема дилема околу тоа дали ќе биде во комбинација за
настап во дуелот со „Милионерите“ на домашен терен, откако на гости ПСЖ загуби
со 2-1.

Како и да е, ова
е секако лоша вест за ПСЖ, клуб кому обично му оди мошне тешко во обидите да ја
помине првата пречка од нокаут фазата во Лигата на шампионите, па така бележеше
три елиминации во низа уште во осминафиналето.

Кога сме веќе кај
реванш пресметката помеѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, официјално, истата ќе се игра
без присуство на публика на гледалиштето поради мерките за претпазливост од
коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×