Неколку клубови
ќе прават реконструкции ова лето, а сите очи ќе бидат вперени во Мадрид, каде
Флорентино Перез ќе го одврзе ќесето по катастрофалната сезона.
Неговите
гласноговорници, односно медиумите блиски до Реал, веќе на големо пишуваат за
тоа кој се би можел да пристигне на Сантијаго Бернабеу, и речиси сите се
убедени дека Килијан Мбапе е желбата број еден на „кралевите“.
Вчера се појавија
гласини дека напаѓачот веќе разговарал со Зинедин Зидан, му навестил дека е
отворен за идејата да го облече дресот на Реал и дури ветил дека ќе побара од
првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи да му дозволи трансфер.
Но денеска стигна
одговор од страна на „светците“. Иако шампионот на Франција не кажа ништо,
испрати порака до Реал. ПСЖ започна акција за продажба на сезонски билети за сезона
2019/20 а на постерот се најдоа Килијан Мбапе и Нејмар, заедно со Марко Верати.

Многумина ова го
сфаќаат како јасен сигнал дека ПСЖ нема намера летоска да се раздели со своите
ѕвезди, и предупредување до клубовите кои се заинтересирани за Французинот и
Бразилецот.
„Светците“ неодамна
издвојуваа битка со УЕФА околу Финансискиот фер плеј, па во моментов не се под
никаков притисок да продаваат. Секако, доколку не се случи нешто непредвидено,
ваквиот цврст став тешко дека ќе биде променет во следните месеци.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.