Новата сезона во
Лигата на шампионите стартуваше синоќа со пресметките Барселона-ПСВ и
Интер-Тотенхем.
Во Милано имаше
пресврт на „Нероаѕурите“ кој беше најавен со прекрасен волеј на Икарди, а на
Камп Ноу, „Каталонците“ рутински стигнаа до победа од 4-0 со хет-трик на Лео
Меси.
ПСВ на своја кожа
осети дека Меси тешко може да се запре кога е расположен. Клубот од Ајндховен
постави и специјален жив ѕид. Зад редот играчи, имаше еден фудбалер на колена,
кој требаше да блокира доколку Аргентинецот одлучи лукаво да шутира под живиот
ѕид.
Но сето ова беше
џабе бидејќи Лео маестрално го префрли живиот ѕид и погоди во аголот, удар кој Зоет
немаше шанси да го одбрани, а тешко и дека некој друг голман ќе стореше нешто
повеќе.