ПСВ го засили нападот со екс-напаѓач на Арсенал пред двомечот со „топчиите“ во ЛШ

by 24 фудбал
0 минути читање

Лукас Перез е нов фудбалер на ПСВ Ајндховен, иако преодниот рок во Холандија е готов.

36-годишниот напаѓач доаѓа во редовите на ПСВ како слободен агент, откако претходниот месец го раскина договорот со Депортиво Ла Коруња. Перез доскоро играше во третата шпанска лига, а сега ќе може да настапи во Лигата на шампионите.

Интересно е дека Шпанецот е поранешен фудбалер на Арсенал, а ПСВ ќе игра токму против „топчиите“ во осминафиналето на елитното европско натпреварување.

Во кариерата Лукас Перез настапуваше за Арсенал, Вест Хем, Кадиз, Елче, Алавес, ПАОК, Карпати, Динамо Киев, Рајо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×