Психолошка војна уште на стартот од новата сезона во Бундеслигата, еве кој е фаворит според Чаби Алонсо

by bojan
3 минути читање

Новата сезона во Бундеслигата почнува денеска, актуелниот шампион Баер Леверкузен гостува кај Борусија Менхенгладбах, а тренерот Чаби Алонсо вели дека прв фаворит е Баерн Минхен.

Чаби Алонсо и Баер Леверкузен минатата сезона беа најубавата приказна во фудбалска Европа.

„Фармацевтите“ за прв пат во 120 години историја стигнаа до титулата во Бундеслигата, а го освоија и Купот на Германија. И сето ова го направија во голем стил, не загубија на ниту еден натпревар.

Малку им фалеше за подвиг кој го нема ниту еден клуб, односно освојување на тројна круна без пораз, но за жал загубија од Аталанта во финалето во Лига Европа.

Во пресрет на новата сезона во Бундеслигата, се поставуваат две прашања: Кој ќе биде првиот клуб кој ќе им нанесе пораз на момците на Чаби Алонсон, и дали Баер Леверкузен ќе може да ја одбрани титулата?

Чаби Алонсо уште од стартот го трга целиот притисок од своите играчи, вели дека нивна цел е топ четири и Баерн Минхен е главен фаворит за титулата.

„Од моја гледна точка, ние не сме фаворит. Според мене, Баерн Минхен е фаворитот. Дефинитниво е Баерн. Ако го погледнеме составот кој го имаат, нивната историја, прилично е јасно дека тие се фаворит“ – вели Шпанецот.

„Ќе видиме што можеме ние да постигнеме, наша главна цел е топ четири пласман. Ова е реалноста“.

И обложувалниците очигледно делат вакво мислење, тие најголеми шанси му даваат на Баерн Минхен, обложувалницата Моцарт нуди коефициент 1,50 за триумф на „баварците“ во Бундеслигата, додека пак коефициентот за триумф на Баер Леверкузен е 3,50.

Баер Левекузен ќе ја отвори новата сезона во најсилното првенство на Германија со гостување кај Борусија Менхенгладбах, единствениот тим кој минатата сезона ги спречи „фармацевтите“ да не дадат гол.

Но и покрај тоа, Баер Лекверкузен е голем фаворит да ги освои трите бода вечерва, обложувалницата Моцарт нуди коефициент 1,60 за победа на момците на Чаби Алонсо на овој натпревар.

На 8 од последните 10 натпревари на овие два тима беа постигнати три или повеќе погодоци, а дури на 6 натпревари двата тима постигнуваа барем по еден гол, обложувалницата Моцарт нуди коефицент 1,80 за ГГ&3+.

Обложувалницата Моцарт исто така за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани