Првпат во иста сезона Порто, Бенфика и Спортинг сменија тренери!

by 24 фудбал
0 минути читање

Триото португалски великани Порто, Бенфика и Спортинг првпат во историјата сменија тренери во иста сезона.

Откако претходно лисабонските клубови го направија тоа, Порто го промовира новиот предводник. „Змејовите“ му ја доверија клупата на Мартин Анселми.

Станува збор за млад 39-годишен стручњак од Аргентина кој на клупата на Порто доаѓа како замена за Витор Бруно. Досега Анселми го водеше Круз Азул, па сега ќе има поголем предизвик и стави потпис на договор со 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани