Првпат во фудбалот: Турпан „казни“ голман според новото правило! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Францускиот судија Клемон Турпан влезе во историјата како прв арбитар кој досудил корнер поради одолговлекување на голман при уфрлување на топката во игра.

Овој необичен момент се случи на дуелот од Светското клупско првенство помеѓу јужнокорејскиот Улсан и јужноафриканскиот Мемелоди, одигран во Орландо пред речиси празни трибини.

Турпан се повика на новото правило кое стапи на сила неодамна, според кое ако голман ја задржи топката под своја контрола повеќе од осум секунди, судијата мора да досуди корнер за противничкиот тим.

„Жртва“ на ова новововедение беше чуварот на Мемелоди, Ронвен Вилијамс, кој предолго ја држеше топката во раце и со тоа овозможи судијата да се повика на новите прописи и да му додели корнер на Улсан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×