Вечерва екипата на Шкендија ќе го игра својот прв натпревар во една главна фаза од европско натпреварување и тоа против Рајо Ваљекано со кого ќе се сретне во Шпанија во рамките од Конференциската лига.
Ова ќе биде и прв натпревар за една македонска екипа по пауза од цели осум години, последен беше Вардар кој во 2017 година во Лигата на Европа двапати играше против Реал Сосиедад. Во тие натпревари Вардар не помин добро и ги загуби дваа, едниот 0-6 во Скопје другиот 3-0 во Сан Себастијан. Уште еден клуб кој играл со шпнска екипа е Пелистер во 2000 година против Селта, битолскиот состав загуби со 3-0 на гости и 2-1 дома.
Од редовите на Шкендија се свесни дека за нив ова е историски натпревар и ќе дадат се од себе да не ги разочараат навивачите.
„Ни претстои важен натпревар за нас како клуб, како стручен штаб, како фудбалери и за сите кои се вклучени во Шкендија. Овој меч е историски во однос на нашето деби во Конференциската лига, а и затоа што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат. Рајо Ваљекано има многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до тимот, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.
За нас е важно да играме добро, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не играме секој против екипа од Ла Лига, која според мене е најсилна лига во светот“, изјави тренерот Беќири на вчерашната прес-конференција.
Според најавите Шкендија во Шпанија ќе има поддршка од околу 200 навивачи, дуелот започнува во терминот од 18:45 часот.