Партизан во новата сезона влезе со исклучително млад состав кој низ годините треба да напредува и да стане конкурентен за титулите.
Притисок врз играчите на Партизан нема, сите знаат дека Црвена звезда има голем буџет и креираше тим кој треба да се „прошета“ во најдобрата српска лига и да остави впечаток во Европа.
Проектот на Партизан е поинаков, оваа сезона имаат млад тим кој треба посетепено да се развива и да прерасне во сериозна екипа.
Но, младите партизанови фудбалери се разиграа на гостувањето кај Напредак каде победија со убедливи 7-2.
Тоа беше прв натпревар на Партизан на кој постигнале седум гола по дуелот против БСК Борча во 2012 година.