Првото засилување за Арсенал за следната сезона доаѓа од Шалке?

by
1 минути читање

Реперзентативецот на БиХ, Сеад Колашинац го одбрал Арсенал како следна дестинација во неговата кариера.

Информацијата за овој трансфер први ја пренесоа весниците од Германија, а попладнево истото го потврдија и медиумите од „Островото“.

Извештаите велат дека дефанзивецот на Шалке со „Топчиите“ ќе стави потпис на пет годишен договори и ќе заработува околу седум милиони евра по сезона на Емирати.

Според многумина, Колашинац е најдобриот лев бек во Бундеслигата оваа сезона, и доколку информациите за овој трансфер се точна, во тој случај Арсенал доби квалитетно засилување без притоа да плати обештетување.

Договорот на Колашинац со тимот од Гелзенкирхен истекува на 30. јуни и тој одби да ја продолжи соработката.

За неговите услуги заинтересирани беа уште неколку екипи како Милан, Тотенхем и Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани