„Специјалниот“ во
2016 го превзеде кормилото на Манчестер јунајтед откако Дејвид Мојс и Луј ван
Гал не ги донесоа бараните резултати. Португалецот добро ја започна авантурата
на Олд Трафорд, но прогресот сопре во третата сезона, Жозе Мурињо влезе во
конфликт со неколку играчи, имаше токсична атмосфера, па во декември 2018 тој
доби отказ.
Оле Гунар Солшер
на привремена основа го превзеде кормилото на „ѓаволите“, а за кратко време
доби доверба да го предводи проектот и во иднина. Норвежанецот се уште не го
вратил Манчестер јунајтед на старите славни патишта, но атмосферата на „Театарот
на соништата“ е далеку подобра.
Во разговор со
ЕСПН, Ерик Баји вели дека една од причините за ова е успешната фудбалска
кариера на Оле Гунер Солшер, кој може подобро да ги разбере играчите.
„Важно е да
работите со некој кој бил поранешен фудбалер. Некој кој ги разбира играчите, кој
ги разбира сите работи кои можат да се случат од време на време. Фудбалот не е
само да се истрча на теренот и да се одигра мечот, многу работи се случуваат
надвор од теренот, работи кои обичните луѓе не ги гледаат. Оле го разбира ова,
и многу му помага на тимот. Покрај тоа што е тренер, тој исто така е нормален
човек, или подобро би рекол чичко. Кога имате таква личност во клубот, им дава
сила на сите играчи“ – вели дефанзивецот, кој беше прво засилување на Жозе
Мурињо во Манчестер јунајтед.
„Постојано
разговара со нас, комуницира многу добро, ви дава самодоверба… бидејќи како
фудбалер има моменти кога се чувствувате депресивно. Тој знае да ги прочита
ваквите ситуации, и кога ќе види дека нешто не е во ред, веднаш доаѓа и
разговаа со вас. Ви нуди совет како да ја вратите самодовербата, и тоа е многу
важно“.