Првото засилување за Јувентус за наредната сезона пристигнува од Холандија!

by Стефан
1 минути читање

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус успеа да обезбеди потписот на холандскиот дефанзивец, Шејн Ван Ерл, потврдија од редовите на неговиот досегашен клуб, Ејндховен. Иако сè уште не го забележал своето деби во сениорската екипа, 18-годишниот Ван Ерл веќе се вбројува меѓу најперспективните играчи во младинските категории.

Член на репрезентацијата на Холандија до 19 години, Ван Ерл го привлече вниманието на „старата дама“ со својата зрелост и настапи за младинските екипи, што резултираше со трансфер кој потсетува на случајот со Дин Хујсен кој во Торино пристигна од Малага на 16 години и по три години беше проадена на Бормут за 15 милиони евра, денес за него интерес покажуваат повеќе европски г иганти.

Директорот на Ејндховен, Марк Шеперс истакна дека е среќен поради трансферот на младиот фудбалер.

„Фудбалот е динамичен спорт каде сè се менува со неверојатна брзина. Шејн е класичен пример за тоа. Иако има само 18 години, покажува ментална зрелост и стабилност што ретко се среќава во неговата возраст. Му понудивме визија и план за развој во нашиот клуб, но кога Јувентус ќе тропне на врата, ретко кој може да одбие. Среќни сме за него и горди на нашата академија што создава вакви профили на фудбалери“, изјави Шеперс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×