Првото место и се насмевнува на Македонија, Фарски Острови и откина бодови на Ерменија

by bojan
1 минути читање
Ерменија

Фарските Острови им откинаа два бода и на Ерменците кои се спасија од пораз во судиското продолжение, натпреварот заврши 2-2, а тоа е одлична вест за Македонија.

Фарски Острови двапати водеа против Ерменија, која изедначуваше во самиот финиш од двете полувремиња. Ерменците беа печени за пораз, но се спасија и останаа во игра за првото место.

Сепак тоа е во наши раце, само од Македонија зависи дали ние ќе завршиме на првото место во групата и ќе се качиме на нивото Б во Лигата на нации.

Нерешениот исход на мечот во Фарски Острови значи дека Македонија дури и со пораз од еден разлика од Ерменија ќе може да ја обезбеди првата позиција.

По три одиграни кола ние имаме седум освоени бода, Ерменија има четири, а ако на крајот двете селекции имаат идентичен број на бодови, одлучува меѓусебните дуел. Ние мечот во Скопје го добивме со 2-0, дуелот во Ереван се игра во недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани