Новата сезона во
Шпанија започнува во втората половина на август, во воведното коло Барселона се
среќава со Алавес, Реал Мадрид го пречекува Хетафе, а дербито е на Местаља каде
Валенсија ќе излезе на мегдан со Атлетико Мадрид. Енис Барди и Леванте сезоната ја
започнуваат со гостување кај Бетис.
Во Ла Лига за прв
пат ќе има асиметричен календар, па во последното коло кое трбеа да биде на
програмата викендот 18. и 19. мај, Барселона гостува кај Еибар, Реал Мадрид
го пречекува Бетис а Леванте и Барди ќе го нагостат Атлетико Мадрид.
Првото „Ел
Класико“ во новата сезона ќе биде на програмата на 28. октомври и ќе се игра на
Камп Ноу. Возвратната пресметка во Мадрид на Сантијаго Бернабеу ќе се игра на 3. март.