9
Рома и Милан ги поделија бодовите од дербито на „Олимпико“, гостите поведоа со голот на Де Винтер, домаќините изедначија од пенал преку Пелегрини.
Интер има плус пет на врвот на табелата, резултатите на денешните дерби натпревари беа во корист на „нероаѕурите“.
Вечерва на „Олимпико“, Рома и Милан ги поделија бодовите, одиграа 1-1.
И покрај тоа што „волчицата“ беше подобар противник на теренот, „росонерите“ поведоа во 62. минута, Де Винтер со глава ја затресе мрежата за 0-1.
Рома одговори десетина минути подоцна, Пелегрини реализираше од белата точка за 1-1.