Прво полувреме: Македонија играше, Шпанија даваше голови (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Нашите фудбалери
одлично го почнаа мечот, не покажаа голем респект кон противникот во воведните
неколку минути.

Николов од
дистанца се обиде во 7. минута со удар од околу 25 метри, но истиот беше
непрецизен.

Стабилната и
сигурна игра на избраниците на Благоја Милески донесе нова опасност кон голот
на Шпанија, Бабунски биеше непрецизно по голот на Шпанија во 8. Минута, при
една фантастично изградена акција.

Сепак, Шпанија
поведе со прекрасниот погодок на Саул Нигез, мајсторија на мал простор на
фудбалерот на Атлетико Мадрид, погоди со ножички
во 10. минута.

Седум минути
подоцна Асенсио погоди на уште подобар начин, биеше од далечина по еден фантастично
одработен удар, нашиот голман Игор Алексовски беше немоќен во оваа ситуација.

Велкоски не
искористи прекрасна прилика за да намали на 2-1 во 27. Минута, неговиот одличен
удар беше одбранет од страна на Аризабалага, само две минути потоа Асенсио го намачи
Алексовски кој со еден фантастичен рефлекс ја спаси нашата селекција од голема
негатива.

Ако некој треба
да се издвои кај противничката селекција, голема опасност по левата страна ни
создаваше Гаја, токму поради овој фудбалер дојде пенал за Шпанија во 35. минута,
по играњето со рака на Бејтулаи, сигурен реализатор од белата точка беше
Деолофеу.

Радески упати добар удар но истиот беше блокиран за корнер на две минути пред истекот на првото полувреме, минута подоцна блокиран беше и ударот на Николов при една одлична ситуација за намалување на водството на противникот.

Шпанија со
рутинирана игра стигна до предност од 3-0 по првите 45 минути игра.


Saúl Ñíguez Goal Spain U21 1-0 FYR Macedonia…by enteritament
2-0 Marco Asensio Super Goal HD – Spain U21 vs…by wc2018
Gerard Deulofeu (Penalty) Goal HD – Spain U21 3…by taftadarka2016

За нашиот
вечерашен противник нема потреба да се трошат зборови, истиот е составен од
фудбалери кои се веќе изградени ѕвезди во своите клубови, Шпанија е четирикратен
шампион во оваа конкуренција и има тим со аспирации за трофеј во Полска.

Македонија:
Алексовски, Зајков, Барди, Николов,
Радески, Бабунски, Велкоски, Бејтулаи, Маркоски, Ангелов и Демири.

Шпанија:
Аризабалага, Бељерин, Гаја, Мере, Ваљехо, Деулофеу, Њигез, Суарез, Асенсио, Рамирез и Љоренте.

Фото: UEFA
Under-21 Championship (Facebook)

Избраниците на
Благоја Милески имаат поддршка од неколку стотини македонски навивачи.


Фото: uefa.com

Мечот во Гдиња го
суди австрискиот арбитар Харалд Лехнер.

Како за
потсетување,
во првиот меч од нашата група, селекцијата на Португалија славеше над Србија со 2-0.

 

Фото-вест:
 UEFA Under-21 Championship (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани