Новиот клуб на Елиф Елмас, Торино објави и видео како помина првиот ден на македонскиот фудбалер во нивниот клуб.
Елмас доцна синоќа пристигна во Торино, а денеска ги помина стандардните процедури пред да го потпише договорот.
Македонскиот фудбалер утринава најпрво ги помина медицинските тестови, потоа имаше фото сесија со дресот на Торино. Сними видео за фановите, на крајот стави потпис на договорот.
Елмас ќе игра на позајмица до крајот на сезоната, а Торино ќе има можност целосно да го откупи за 17 милиони евра.