Првиот човек на
Тотнем, Даниел Леви вели дека пандемијата со коронавирусот е најголемиот
предизвик во неговото 20 годишно искуство, меѓутоа тврди дека ситуацијата
воопшто не ја става под знак прашалник иднината на клубот.
Клубот денеска ги
објави финансиските резултати за работата на клубот, а истите иако се
ветувачки, сепак, хаосот со Ковид-19 допре и на Островот, по што јасна е
загриженоста кај клубовите за тоа како после овие загуби.
„Ние сме
загрижени за целава оваа ситуација, со оглед на тоа што овие финансиски
резултати од нашето работење ги објавуваме во моменти кога толку многу
индивидуалци и бизнисмени се загрижени во една доста комплицирана ситуација“
рече Леви во соопштението кое го објавија од Тотнем.
„Сите ние сега се
соочуваме со едно неизвесно време, прво на работа, а потоа и во сопствените
животи. Јас минав близу 20 години во градењето на еден ваков клуб, постоеа
многу пречки на тој пат, но, ниту една од нив не беше со ваква магнитуда,
пандемијата со Ковид-19 е најсериозната пречка од сите досега“ додава тој.
„Со една ваква
неизвесност, ние сите треба да се фатиме за работа заедно за да се увериме во
тоа дека импактот од кризата нема да ја доведе до неизвесност судбината и
стабилноста на клубот, многу засегнати страни постојат за застојот во сезоната,
односно прашањето со продолжувањето на истата, но, единствено тоа да го сториме
кога ќе биде безбедно и практично, нашиот приоритет треба да биде здравјето на
нашиот персонал, фудбалерите, партнерите, навивачите и нивните семејства“
заклучи Леви во своето обраќање.