Популарниот ВАР иако веќе втора година се применува во Калчото, предизвика нова контроверзија уште на самиот старт од новата сезона. Видео технологијата не беше повикана на дуелот помеѓу Интер и Парма кога еден играч на гостите играше со рака пред својот гол, ниту пак кога домашниот фудбалер Гаљардини имаше опасен старт.
Првиот човек на судиите во Серија А, Марчело Ники вечерва призна дека на „Џузепе Меаца“ биле направени две грешки и судијата Џанлука Манганиело морал да се консултира со видео технологијата.
„Има јасен протокол за употерба на ВАР и ништо се нема променето од минатата сезона. Доколку судијата го следи, тогаш е во ред, но доколку не го следи, тоа е погрешно“ – вели Марчело Ники.
„ВАР има јасни насоки и упатства како да се користи, но за жал не може да ги поправи сите грешки…“
„На дуелот Интер-Парма, Манганиело направи две грешки, мораше да ја погледне повторената снимка како што налага протоколот. Мораше да се консултира со видео технологијата за ситуацијата кога топката удри во раката на Димарко во шеснаесетникот, а и по фаулот кој го направи Гаљардини, кој не беше виден. Можеше да добие жолт или црвен, но ВАР мораше да биде повикан“.
Пропуст имаше и на мечот помеѓ Удинезе и Торино, гостите дадоа гол од чиста ситуација, но помошникот го подигна знаменцето за офсајд, па ВАР не можеше да биде повикан.
„Во овој случај ВАР навистина не може да стори ништо. Судиите направија грешка што не ги почитуваа насоките дадени од Рицоли, односно да не се суди ништо и да се почека по крајот на акцијата со ВАР да се процени дали имало или немало офсајд“.