Бранителот на
титулата во најсилниот италијански фудбалски шампионат, Јувентус славеше на
гостувањето кај Сампдорија со 1-2 во рамките на 18 коло, меѓутоа еден детал од
таа пресметка остана добро запаметен за пошироката јавност.
Секако, станува збор
за чудесниот гол за победа кој го постигна Кристијано Роналдо, а Португалецот
во голот постигнат со глава имаше скок од 71 сантиметар од земја, па алудирајќи
на тоа чудо на Португалецот, првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро на шега
вели дека Роналдо требало да добие жолт картон поради тој потег.
„Морам да кажам
дека Роналдо требаше да добие жолт картон по тој скок, тоа беше како да
полетува авион, Кристијано го доби мечот, меѓутоа моите момци се бранеа добро“
рече претседателот на Сампдорија.
Superhuman @Cristiano Ronaldo hangs up in the air and scores a header goal for Juventus vs Sampdoria.pic.twitter.com/d7d0Vldr32
— Borak Bola (@borakbola) December 19, 2019