Првиот човек на Олимпија демантира: Ибраими не е во нашите планови

by
1 минути читање

Иако подолг
период во словенечките медиуми се пишуваше дека македонскиот интернационалец
Агим Ибраими е се поблиску до враќање во Олимпија, сепак, првиот човек на
овој клуб во интервју за тамошните медиуми ги демантира натписите во медиумите.

Точно е дека ќе
има реконструкција на тимот за следната сезона, ќе изградиме тим кој ќе може да
биде конкурентен за титулата во Словенија. Ги следам шпекулациите околу тоа кои
фудбалери ни се на листата на желби, би сакал да демантирам околу Агим Ибраими,
тој не е во нашите планови
“ издвои Милан Мандариќ.

Првиот човек на Олимпија додаде дека му било чест што Ибраими присуствувал на трибините на мечот помеѓу Олимпија и Домжале во словенечкиот шампионат, но истакна нема
ништо од евентуален договор за соработка.

И натаму продолжува сагата околу иднината на
некогашниот најдобар македонски фудбалер, се поизвесно е дека ќе си замине од
казахстанска Астана, но останува дилемата која ќе биде следната дестинација за
него во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани