Медиумите од
Италија вчера најавија крај на сагата околу новиот договор на Џиџо Донарума, но
лидерите на Милан се претпазливи.
Марко Фасоне
открива дека „Росонерите“ се на чекор до договор со голманот и неговото
семејство, но не и со агентот Мино Рајола.
„Кажав дека
вратите на Милан секогаш ќе бидат отворени доколку Џиџо реши да се предомисли“ –
вели генералниот извршен директор на клубот од Сан Сиро.
„Тој се
предомисли, и имам чуство дека сме многу блиску до договор со играчот и
неговото семејство“.
„Мислам дека за
ден или два ќе падне одлука, која на крајот ќе ја донесе самиот играч“.
„Но одлуките
никогаш не се носат само од играчите. Има агенти, во конкретниов случај еден многу
талентиран агент кој има свои идеи и услови кои се малку поразлични од нашите“.
„Па не знам каква
ќе биде конечната одлука“.
Се верува дека
пречка се откупните клаузул, онаа од 100 милиони евра како и втората од 50
милиони која стапува на сила доколку Милан не обезбеди учество во Лигата на
шампионите.
Мино Рајола
верува дека овие суми се превисоки.