Македонскиот
првак Вардар испиша нови страници во историјата на македонскиот фудбал,
изборувајќи се за пласман во групите од Лига Европа, тоа наиде на импресии во
нашата јавност, а честитки пристигнуваат од сите страни.
„Честитки
за ФК Вардар, ова е брилијантен резултат, успех за паметење. Навистина треба да
бидеме горди на овој успех. Сите заслужуваат пофалба, од фудбалерите, преку
стручниот штаб до раководството на клубот – браво за секој што има
придонес во овој резултат“, порача
првиот човек на македонскиот фудбал, Илчо Ѓорѓиоски.
„Полните
трибини ова лето и радоста која ја видовме сведочи колку Македонците го сакаат
фудбалот, колку на луѓето им значи успехот на нивниот клуб и колкава е
вредноста на македонскиот клупски фудбал. Сведоци сме на една фудбалска
еуфорија за која многу значајни се и медиумите и навивачите кои создаваат
позитивна атмосфера. Среќно во групната фаза“, додаде
Ѓорѓиоски.