Претседателот на
Кристал Палас, Стив Периш вели дека клубовите мораат да најдат начин како да ги
доиграат преостанатите натпревари од актуелната сезона која во моментов е под
суспензија поради пандемијата од коронавирусот, во спротивно ќе се соочат со
подолг период од предвиденото, а тоа може да доведе до пропаѓање на т.н „Проект Рестарт“.
„Ние би можеле да
ја уништиме нашата должност доколку не успееме да најдеме начин да ги вратиме
натпреварите“ вели Периш во изјавата за „ББС“.
Најмалку три
клуба, како Ватфорд, Брајтон и Астон Вила се противници на дел од планот „Проект
Рестарт“, најмногу околу идејата натпреварите да се играат на неутрални терени,
а клупските доктори јасно ставија дознаење дека постои загриженост околу сиот
најавен план.
Периш ќе биде дел
од утрешниот состанок на Премиерлигата на кој ќе се дискутира околу т.н. „Проект
Рестарт“, а тој ја наведе Германија, каде веќе е дефиниран планот за враќање на
фудбалските возбудувања, но, таму се соочија со голем предизвик, откако
второлигашот Динамо Дрезден сиот состав го испрати во самоизолација во траење
од две седмици откако двајца фудбалери на таа екипа беа позитивни на тестовите
за Ковид-19.
„Германскиот
пример може нам да ни донесе план, а ние веќе можеме да видиме некои од
раните предизвици во сево ова“ додава тој, алудирајќи на последните случувања
во Германија каде од 1,724 тестирања претходната седмица, произлегоа десет
позитивни.
Периш заклучува
дека одлуката околу финалните позиции на табелата во Премиерлигата сезонава
треба да се реши на терените, а не на маса, како што тоа се случи во Франција, каде некои клубови најавија тужби, но
тој подвлече дека клубовите треба да имаат можност натпреварите да ги играат на
сопствените стадиони, дополнително, првиот тој не крие дека
полицијата јасно ставила дознаење дека нема да има можност да ги обави своите
обврски на сите натпревари.
Извршниот
директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс претходно предвиде загуба од околу 1
билион фунти, во случај Премиерлигата да не успее да ја комплетира актуелната
сезона, што би било огромна загуба во едно такво сценарио.