Пјер-Емерик
Обамејанг во јуни полни 31 година, времето му минува во поглед на поголемите
достигнувања, односно обидите да дојде до тие нивоа, за што претседателот на
фудбалската федерација на Габон, Жан-Пјер Мунгуенгу верува дека тие амбиции не
може да ги оствари во Арсенал.
„Не би сакал да
кажам дека Арсенал не е амбициозен како клуб, но Арсенал нема толку високи
амбиции како некои други клубови во Европа“ вели Мунгуенгу за „ЕСПН“.
„Доколку
Обамејанг обезбеди договор со многу поамбициозен клуб, тој дефинитивно ќе се
пронајде себе си во еден таков клуб, на индивидуално ниво, ние сите во него
гледаме како еден од најдобрите напаѓачи во светот, мојот совет кој би му го
дал нему е да продолжи со работа за да го привлекува вниманието на големите,
односно и амбициозните клубови“ додаде тој.
„Во моментов, тој
е во Арсенал, а не освои ништо во тој клуб, тоа е колективна загуба“ заклучи првиот
човек на габонскиот фудбал.
Од поодамна се
провлекува прашањето околу иднината на Обамејанг, повеќе од јасно е дека
Арсенал не може да ги исполни неговите амбиции, а капитенот на „Топчиите“ во
двегодишниот престој во Лондон постигна импресивна бројка од 61 гол на 97
настапи.
Тоа што е
разочарувачки за напаѓач од калибарот на Обамејанг, е фактот што во неговиот
двегодишен престој во Арсенал нема ниту еден трофеј, ниту пак има играно во
Лигата на шампионите