Првиот човек на Фиорентина: Згрозен сум, вториот пенал не беше пенал, зар на овој Јувентус му треба помош?

by
1 минути читање

Јувентус
попладнево со 3-0 ја добија пресметката со Фиорентина. Домаќините пред финишот
на првиот дел поведоа со гол од пенал, а победата беше потврдена со нов удар од белата
точка во 80. минута.

Втората најстрога
казна е прилично сомнителна, многумина сметаат дека немало пенал за стартот на
Чекерини врз Бентакур, кога дефанзивецот блокираше со тело и се загради. Токму
оваа ситуација беше повод за првиот човек на Фиорентина жестоко да распали.

„Шест месеци сум
во Италија и никогаш не сум ги критикувал судиите, но сега морам да се побунам.
Судиите не можат и не смеат да ги решаваат натпреварите“
– вели Роко Комисо.

„Згрозен сум.
Можеби првиот пенал беше пенал, но вториот сигурно не беше пенал. Судиите не
можат да ги решаваат натпреварите, треба да ги остават играчите да се покажат
на теренот. Јувентус има толку голема сметка за плати, не им е потребна екстра
помош. Згрозен сум од она што го видов денеска, но и минатата недела против
Џенова, а и на дуелот со Интер. Никогаш не сум зборувал вака, но оставете
Јувентус да биде посилен од нас на теренот, не им ја олеснувајте работата на
ваков начин. Момците го загубија еланот, скршени се, навистина ми е жал.
Едноставно немаше пенал“.

Погледнете го видеото од спорната ситуацијата и проценете сами.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×