Првиот човек на Бреша: Постојат два клуба во кои би сакал да го видам Тонали во иднина

by
2 минути читање

Италија може да
се пофали со неколку млади ѕвезди во најава кои сигурно носат подобри денови за
„Аѕурите“, еден од нив несомнено е 19 годишниот фудбалер на Бреша, Сандро
Тонали кој со своите импресивни изданија ги привлече на себе повеќето европски
гиганти.

Извесно е дека
Тонали, кој веќе запиша три настапи за сениорскиот состав на Италија, ќе остане
во својата земја, особено оваа можност е повеќе остварлива и по изјавата на
претседателот на Бреша, Масимо Челино кој подвлече две екипи од „Серија А“ во
кои би сакал да го види Тонали во иднина.

Во јануари, еден
мошне голем клуб дојде на разговор кај мене, посочија дека го посакуваат
Тонали, јас не им поставив сума, само им поставив едно прашање
: Дали би му дале шанса веднаш да игра во
Лигата на шампионите?
“ открива Челино.

Тие ми
одговорија дека би го оставиле во Бреша до крајот на сезоната, а јас им
возвратив
: Ви благодарам, но,
ние ќе го задржиме целосно и ќе разговараме околу оваа тема на лето
“ додава
тој.

Во февруари јас
добив уште еден доста важен повик, не го известив Тонали ништо за ова, со желба
да му приредам големо изненадување на лето, не можам јавно да го кажам името на
клубот, коронавирусот промени многу работи
вели првиот човек на Бреша, а тој тврди
дека не би му правел проблеми на Тонали во случај да побара да си замине.

Мојот сон е
Тонали да остане во нашиот клуб, но истовремено не кријам дека имам договор со
Сандро, тој е прекрасно момче, знае дека кога ќе побара од мене да си замине,
тоа ќе му го дозволам, нема да правиме никакви проблеми околу цената,
најважното нешто е да избере нешто со своето срце, тој е единствениот кој
одлучува на крајот
“ подвлекува тој, а потоа наведува зошто Наполи и Рома се
двете според него најдобри опции за самиот фудбалер.

Не сум сигурен
во тоа дека Тонали го поддржува Милан, но, едно сум сигурен, тој го обожава
Џенаро Гатузо, тука би го издвоил Наполи, една работа поради самиот фудбалер,
другата е поради тренерот, тоа менува многу работи
“ вели првиот човек на Бреша.

За Раџа
Наинголан, во текот на мојата кариера во Каљари, јас се откажав од парите од
Јувентус бидејќи бев убеден дека на Раџа му е потребен клуб од калибарот на
Рома, а јас бев во право за тоа, Тонали е сентиментално момче, јас би сакал да
го видам во дресот на Рома или Наполи, тоа тешко дека би се случило, јас лично
преферирам тој да остане во Италија
“ заклучи Челино.

За крај, ќе завршиме со тоа дека Тонали има важечки договор со Бреша до идното лето, а во истиот има опција и за дополнителни 12 месеци, што му дава некаква убава положба на Бреша во преговорите со заинтересираните клубови за услугите на фудбалерот кој сезонава на 23 настапи постигна еден гол, но уште и пет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×