Првиот човек на Барса со порака до ПСЖ: За Нејмар да замине треба да се плати клаузулата, до последен цент!

by
1 минути читање

„Светците“ веќе се договорија со Нејмер и се подготвени да одвојат 222 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.

Но во овој момент тие не сакаат да ја активираат клаузулата бидејќи еден ваков потег ќе придонесе тие да платат и данок во износ од 70-80 милиоини евра.

Па ПСЖ сака да седне на маса со Барселона и да постигне договор за трансфер, последните информации велат дека се подготвени да го жртвуваат Анхел Ди Марија за да не платат данок.

Но од таборот на „Каталонците“ порачаа дека немаат намера да започнат преговори.

„Сакаме Нејмар да остане, но има клаузула во неговиот договор“ – вели првиот човек на клубот, Хосеп Марија Бартомеу.

„Ако сака да замине, нека ја плати клаузулата и ќе му се исполни желбата“.

„ПСЖ треба да ја плати откупната клаузула, до последен цент“.

„Не сме разговарале со Нејмар. Кога ќе се вратиме дома по турнејата во САД ќе седнеме со него“.

„Со парите кои ќе пристигнат тимот ќе биде засилен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани