Првиот човек на Барса објасни зошто Меси има клаузла од 300, а не од 1.000 милиони евра како Роналдо

by
1 минути читање

„Каталонците“ и својата прва ѕвезда минатиот месец си подадоа рака за продолжување на соработката, но играчот се уште нема ставенo потпис на новиот договор.

Исто така, многумина прашуваат зошто Лео Меси има откупна клаузла од „само“ 300 милиони евра.

Фановите се плашат дека некој би можел да ја плати оваа сума откако ПСЖ минатиот месец ја активираше откупната клаузула на Нејмар вредна 222 милиони евра.

Жозеп Мариа Бартомеу сега објаснува зошто тие не ја заштитат својата ѕвезда со клаузула каква што има Кристијано Роналдо, односно 1.000 милиони евра.

„Поради верноста и посветеноста која Лео ја има кон клубот…“ – вели претседателот на Барселона.

„Сакаме играчи кои се чувствуваат комфорно. Оние кои не се чувствуваат комфорно им кажуваме дека слободно можат да побараат решение и да заминат. Тоа се случи со Сеск, Алексис Санчез, Педро… Се обидовме да ги убедиме да останат, но пред се, сакаме да бидат мотивирани и комфорни“.

„Ние работиме поинаку од другите клубови, Барса никогаш нема да задржи играч доколку тој ни каже дека сака да замине, како што некои клубови го прават тоа“.

„Ако играчите се среќни и играат, не ни прави разлика дали имаат клаузула од 500, 600, 1.000 или 1.500 милиони евра. Клаузулата нема никаква улога кога играчот ќе ни каже дека сака да замине. Ќе седнеме, ќе разговараме и ќе најдеме решение. Токму ова недостасуваше со Нејмар, доколку кажеше дека сака да замине и седневме да разговараме, се ќе беше подобро за сите страни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани