Првиот човек на Баерн со порака до Јуве: За Даглас Коста мора да се плати колку што бара Румениге

by
1 минути читање

Бразилецот е прва желба на Масимо Алегри за засилување на офанзивата, и шампионот на Италија е подготвен да одвои 40 милиони евра.

Но Баерн Минхен бара 50 милиони евра, и очигледно „Баварците“ немаат намера да дадат попуст и покрај тоа што често се шпекулираше дека двата клуба ќе пронајдат компромис.

„Ако некој ја плати сумата која ја бара Карл Хајнц Румениге, тогаш Даглас Коста ќе ја промени средината“ – вели првиот човек на клубот, Ули Хенес.

Јувентус има и друи опции на кој веќе работи, алтернатива за Даглас Коста е Федерико Бернардески од Фиореинтина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани