Ел Мундо доцна
синоќа објави дека Барса на Атлетико му платила 15 милиони евра за да си купи
мир за „случајот Гризман“.
Весникот објасни
дека договорот официјално се води како прва опција за „каталонците“ за пет
играчи на Атлетико, односно тројца од школата и две ѕвезди од првиот тим во
името на Саул и Хименез, но всушност оваа исплата е за да се спречи клубот од
Ванда Метрополитано да ги објави мејловите кои покажуваат дека Барса се договорила со
Антоан Гризман уште во март месец.
Ваквите написи
сега ги прокоментира првиот човек на Атлетико Мадрид, кој потврди дека има
договор со Барселона, но наводно тој нема никаква врска со контроверзниот
трансфер на Французинот.
„Сагата наречена
Антоан Гризман заврши со смешната казна од 300 евра која ја изрече Фудбалската
федерација на Шпанија“ – вели Енрике Серезо во разговор со Радио Марка.
„Нема да зборувам за пари и конкретни суми, но договорот кој го има Атлетико со
Барса нема никаква врска со Гризман“.
„Слични договори
имаме и со многу други клубови од Шпанија“.