Првиот човек на Атлетико провоцира: „Енфилд“ е стар, нема да помине техничка проверка

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид синоќа го совлада Ливерпул со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Домаќините убаво се израдуваа на победата над актуелниот шампион, но од таборот на „црвените“ потсетија дека има реванш на „Енфилд“.

Првиот човек на Атлетико попладнево ја коментираше победата и упати ситна провокација до Ливерпул, вели дека стадионот е стар и нема да помине техничка проверка.

„Секогаш спијам добро. Има денови кога ја вкусувате славата и денови кога губите. Пред една недела, медиумите пишуваа дека сме мртви и закопани, а сега сме прилично живи. Ливерпул имаше серија од 30 натпревари без пораз и луѓето велеа дека се најдобриот тим во светот. Среќни сме со резултатот, но не чека уште еден натпревар“ – вели Енрике Серезо.

„Оној кој прв го задава ударот, како да удрил два пати. Кога видов фановите како ги бодрат играчите и стојат зад тимот, тоа беше неверојатно. На „Ванда“ се случи спектакл. „Енфилд“ е голем и убав стадион, но и многу стар. Нема да помине техничка проверка доколку биде направена сега“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×