Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрико Серезо признава дека Алваро Мората ќе ја промени средината и ќе се пресели во Милан.
Со недели се пишува дека Алваро Мората е новата трансфер цел на Милан, се верува дека напаѓачот е пред преселба на „Сан Сиро“ и практично се е договорено.
„Се чини дека тој ќе замине… Во Атлетико, тие што сакаат да останат, остануваат а тие што сакаат да заминат, си заминуваат“ – вели првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо.
„Ни кажа дека останува, но сега испаѓа дека ќе замине. Нема никаков проблем. Мората е одличен човек и одличен фудбалер, па ако сака да замине, никој нема да го сопре, ниту јас, ниту пак Атлетико“.
Алваро Мората има откупна клаузула од 15 милиони евра, односно 13 милиони евра плус данок.