Првиот човек на албанскиот фудбал: Перфектна организација на домаќинот без никакви инциденти, а дали заслуживме да победиме…

by
1 минути читање

Арманд Дука во
интервју за албански „Суперспорт“ даде свој коментар во однос на тоа како мина
мечот во Струмица помеѓу Македонија и Албанија, во кои и двете селекции
ремизираа во мечот од мундијалските квалификации за Русија 2018.

Од организациски
аспект не очекував да биде толку добро, се
мина перфектно, единствено патот беше долг. Немаше
инциденти, немаше проблеми, многу добро место, одлични услови генерално
гледано. Само патот беше долг, но тоа не беше голем проблем. Испратив честитки
до нашата екипа, одиграа добро, но да бидам искрен, не заслуживме да победиме.
Можевме да ги земеме сите три бода, а можевме да останеме и без ниту еден, така
да можеме да бидеме среќни со нерешениот резултат кој не носи блиску до третото
место во групата
“ издвои Дука.

 

Извор/Фото:
sportekspres.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×