Првиот човек на УФЦ удри по фудбалот: Постои причина зошто деца од три години го играат овој спорт…

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, повторно застана зад своите контроверзни коментари за фудбалот, кои првпат ги изнесе пред повеќе од една деценија и кои и денес често стануваат вирални на социјалните мрежи.

Во интервју од 2012 година, Вајт фудбалот го нарече спорт со најмалку талент, а на неодамнешното гостување на Big Boy TV повторно беше запрашан за таа изјава. Пред да го повтори својот став, тој потенцираше дека коментарот не бил даден неодамна, туку пред околу 15 години.

Тоа не беше неодамна, туку пред 15 години. Она што го реков тогаш беше дека тоа е спорт во кој има најмалку талент. Не можам точно да се сетам како започна разговорот, но реков дека постои причина зошто и тригодишни деца го играат. Кога голот е голем колку овој ѕид, а резултатот е 1:1“, изјави Вајт, потврдувајќи дека и денес стои зад тие зборови.

За подобро да го објасни својот став, тој направи споредба со хокејот, спорт кој според него бара многу поголема вештина и храброст.

Не сум голем љубител ниту на хокејот, но тие момци лизгаат со огромна брзина по мраз, наведнати, со свиткан стап. Голот е голем колку човекот што стои пред него и секој може да те повреди во секој момент. Тоа е спорт за талентирани“, истакна Вајт.

На крајот, првиот човек на УФЦ јасно порача дека неговиот став кон фудбалот не е лична навреда кон фудбалерите.

„Не го сакам фудбалот и не сум негов голем обожавател. Го сакам Кристијано Роналдо и имам одличен однос со него. Навистина го почитувам, без навреда за другите, но едноставно не сум љубител на фудбалот“, заклучи Вајт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×