Првиот човек на Рел со нови отровни стрели кон Барса: Најскапиот извештај во светот никогаш не стигнал до тренерите!

by bojan
1 минути читање

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез испрати нови отрови стрели до Барселона за случајот „Негреира“, вели дека ова е најголемиот скандал во модерниот фудбал.

Флорентино Перез го одржа својот редовен говор пред божиќните и новогодишни празници, првиот човек на Реал Мадрид ја искористи оваа прилика повторно да ја нападне Барселона.

„Случајот „Негреира“ е најголемиот скандал во модерниот фудбал. Знаеме дека повеќе од 8 милиони евра се исплатени за да се изготвуваат извештаи, а тренерите никогаш не ги виделе“ – порача Перез, алудирајќи на сведоштвата на Луис Енрике и Ернесто Валверде, кои изјавија дека никогаш не ги користеле овие извештаи.

Па како да веруваме дека навистина било платено за правење изветаши а не за други работи?“

„Ова е само уште еден доказ дека ни се потребни радикални промени“.

„Можно е одредени клубови да испаднале како резултат на случајот „Негреира“. Нанесена е голема штета на нашиот фудбал и мора да има правда“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×