Дарко Чурлинов се врати во Барнли по истекот на позајмицата во Јагелонија, но јасно е дека нема да остане на „Турф Мур“. Македонскиот репрезентативец е под договор со англискиот клуб, но таму не влегува во плановите за новата сезона. Се разгледуваат опции за нова позајмица или пак целосен трансфер.
Во јавноста веќе се појавија информации за интерес од Легија Варшава, но Јагелонија не се откажува. Претседателот на клубот од Бјалисток, Зиемовит Дептута, откри дека е во редовен контакт со Чурлинов и дека самиот фудбалер му кажал оти сака да се врати.
„Дарко и јас постојано сме во контакт. Тој го гледаше натпреварот против Термалика. Ми рече дека му недостасуваме. Навистина сака да се врати. Не се работи само за клубот, туку се чувствува многу комфорно во Бјатисток. Доколку не пристигне за него некоја понуда со огромни пари, тој сака да се врати во Јагелонија“, изјави Депута за полските медиумо.
Чурлинов во дресот на Јагелонија минатата сезона одигра 43 натпревари, постигна седум гола и запиша четири асистенции, па не изненадува што клубот е заинтересиран да го задржи.