Првиот човек на ФИФА гостуваше во Косово: Ако бевте признати, Џака и Шаќири ќе играа за вас!

by 24 фудбал
1 минути читање

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека многу швајцарски репрезентативци, меѓу кои и Џердан Шаќири и Гранит Џака, би настапувале за Косово доколку таа репрезентација постоела и била признаена во минатото.

Инфантино гостуваше во подкастот на Фудбалскиот сојуз на Косово, каде што зборуваше за силната поврзаност меѓу швајцарските фудбалери и земјите од кои потекнуваат нивните семејства.

За многу играчи од Косово кои се родени и пораснати во странство, имаше различни влијанија и сложена историја. Како што знаете, кога Косово не беше меѓународно признаено, тие настапуваа за Швајцарија. На пример, Џердан Шаќири и други. Тие се меѓу најдобрите фудбалери кои некогаш можеле да играат за Косово, но во тоа време, за жал, тоа не беше можно“, изјави Инфантино.

Косово ја прогласи својата независност во 2008 година, а две години подоцна Шаќири дебитираше за националниот тим на Швајцарија. Само една година подоцна, својот прв настап за алпската селекција го запиша и Гранит Џака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×