Први проблеми за Нејмар во ПСЖ, Кавани одби да му дозволи да шутира пенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ има одличен почеток на новата сезона, а Нејмар блеска на терените и изнудува воздишки од
публиката на Паркот на Принцовите.

Но Бразилецот
наиде и на први проблеми и отпор во соблекувалната на Паркот на Принцовите.

Тој замина од
Барса за да излезе од сенката на Лео Меси и да биде неприкосновена ѕвезда во
ПСЖ, но очигледно со тоа не се согласува Единсон Кавани.

Уругваецот вчера
изнуди пенал и сам си ја зеде топката да ја изведе најстрогата казна. Секако,
Нејмар побара да шутира од белата точка, но Единстон Кавани не сакаше да слушне
за нешто такво.

Единстон Кавани исто така шутираше пенал и против Тулуз во претходното коло, а и тогаш Нејамр побара да ја изведе најстрогата казна, но доби негативен одговор.

Па очигледно сега
тренерот Унаи Емери ќе треба да реагира и да најде решение со кое ќе ги
задоволи двајцата играчи за мир во куќа.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани