Првакот на Романија елиминиран во Купот, гол на Ашковски (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ботошани успеа да
го елиминира првакот на Романија, Клуж во рамките на 16. финалето од
националниот куп во тој шампионат, а тоа домаќинот го стори по подобро
изведување во ударите од белата точка, откако претходно резултатот беше
израмнет и гласеше 2-2.

Токму нашиот
интернационалец Стефан Ашковски го отвори мечот во Ботошани на резултатски план
во корист на домаќините во 37. минута, а со тој гол на Македонецот се замина на
паузата.

27 годишниот бек
сезонава одигра девет меча за Ботошани по десет одиграни кола во најсилниот
шампионат на Романија, а притоа постигна и два погодоци
.

Ашковски тргна
доста добро во дресот на Ботошани каде игра од летниот преоден рок по
трансферот од Славија Софија, неговиот важечки договор со романскиот прволигаш
истекува идното лето, па веројатно е дека добрите настапи ќе му донесат и нов
договор, а можеби и „посилна“ средина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×