Ливерпул дојде до тешки три бода против Кристал Палас со гол на 15 минути до крајот на мечот.
Гостите долго време одолеваа на нападите на Ливерпул, а преку Бентеке имаа шанса и да поведат, но на крајот фаворитот ги освои бодовите.
По една грешка на одбраната на Кристал Палас, најдобро се снајде Мане кој постигна гол за победа од 1-0.
Оказаки уште во првата минута му донесе водство на Лестер над Брајтон од 1-0, а конечните 2-0 ги постави Магуире со погодок во 54. минута.
Најмногу голови имаше на дуелот помеѓу Саутемптон и Вест Хем кој го добија домаќините со 3-2.
Габиадини во 11. минута му донесе водство на Вест Хем, а во 33. минута Арнаутовиќ заработи црвен картон поарди удар со лакт, па ситуацијата на гостите дополнително се влоши.
Тадиќ од пенал во 38. минута донесе водство за Саутемптон од 2-0 и во тие моменти се чинеше дека е се јасно на овој меч.
Но, Чичарито стапи на сцена и со два гола успеа да го изедначи резултатот, сепак Саутемптон со гол од пенал во 93. минута ги освои бодовите.
ВБА со 1-0 славеше на гостувањето кај Брајтон, а Ватфорд со 2-0 победи кај Борнмут.