Во второто коло од МЛС, Интер Мајами ја забележа првата победа во новата сезона откако со 4-2 славеше на гостувањето кај Орландо.
И овој натпревар почна лошо за тимот од Мајами откако Орландо поведе со 2-0 со голови Пашалиќ и Оједа. Тоа беше и резултатот по првото полувреме.
Но, работите значително се променија во вториот дел. Најпрво Силвети во 49. минута намали на 1-2, а осум минути подоцна Меси погоди за израмнување на 2-2.
Победата беше обезбедена во финишот кога најпрво Шеговија во 85. минута постигна гол за комплетен пресврт и водство на Интер Мајами од 3-2, а точка на мечот стави Меси со својот второ гол кој го постигна во 90. минута.