Ана Беатриз
Тарантино ќе биде првата Бразилка во македонскиот женски фудбал. ЖФК Љуботен
денеска на социјалните мрежи се пофалија дека потпишале со 22-годишната
фудбалерка која игра во нападот.
Популарната
Роналдиња ќе го засили клубот од Тетово во јануарскиот преоден рок.
„Чест и
задоволство ни е да ви ја претставиме првата Бразилска фудбалерка во Прва
Македонска Фудбалска лига за жени Ана Беатриз Тарантино со уметничко име Роналдиња,
која е поранешен член на Васко де Гама, и доскорешен член на ФФК Фордерланд од
Австрија. Роналдиња ќе преставува капитално засилување во остварување на целта!“
– гласеше известувањето.
BOOM BOOM BOOM!!!
Welcome, Добродојде, Bienvenida Beatriz Tarantino!!!
Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме…Posted by ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна on Friday, December 11, 2020