Прв пораз за Силекс, кратовскиот тим загуби од Башкими, Македонија ЃП подобра од Брера

by riste
1 минути читање

Денеска се одиграа два натпревари од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Башкими со 2-1 го совлада Силекс кој до ова коло редеше само победи, Македонија Ѓорче Петров со 2-0 славеше над Брера.

Силекс во Куманото отпатува со пет победи од пет натпревари, но овојпат го „положи оружјето“, Башкими ги освои трите бода.

Резултатот беше отворен во 21. минута кога напаѓачот Емануел Аворнио шутираше, Џеков одбрани, но топката дојде до играчот на Башкими кој ја смести во мрежата за 1-0. Со овој резултат се замина на одморот.

По осум минути игра во вториот Дилип Алексовски даде гол за водство на Башкими и од 2-0.

Бо 60. минута Фисник Зука направи старт по кој доби втор жолт картон. Силекс половина час играше со фудбалер повеќе, но успеа само да постигне еден гол.

Тој се случи во 63. минута кога Мигел Пирес Фереира намали на 2-1, но до крајот Башкими успеа да се одбрани и да извојува победа.

Важни три бода освои екипата на Македонија Ѓорче Петров која ја победи Брера со 2-0.

Христов убаво со пета во 17. минута погоди за водство на скопскиот тим од 1-0, а конечните 2-0 ги постави Талаков во 72. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×