Прв натпревар на новиот стадион и први три бода за Евертон во сезоната (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Евертон по поразот од Лидс во првото коло денеска ја запишаа првата победа во новата сезона од Премиер лигата и тоа против Брајтон со 2-0.

Во првото коло „карамелите“ играа на гости, па така денешниот натпревар беше прв на нивниот стадион и започнаа одлично со три бода.

Навивачите сигурно ги радува и добриот настап на Џек Грилиш кој беше асистент за двата гола. Засилувањето од Манчестер сити прво му асистираше на Ндиаје во 23. минута, а потоа и на Гарнер во вториот дел.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Кристал палас  Нотингем форест ги поделија бодовите одигрувајќи 1-1. Домаќините поведоа со погоокот на Сар во 37. минута, додека во вториот дел израни Хадсон Одои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×