Прв интернационален за предизвик за поранешниот младински репрезентативец: Ќе брани во БиХ

by Стефан
0 минути читање

Maкедонскиот голман, Давид Денковски кариерата ја продолжува во босанското првенство во тимот на Посушје и за него ова ќе биде прв интернационален предизвик.

Досега во својата кариера, Денковски беше дел од Вардар, Скопје, Брера, Пехчево, Брегалница и Шкупи, вкупно во Првата лига собра 53 настапи.

25-годишниот голман своевремено беше и репрезентативец на Македонија до 21 година, селекција  за која собра шест настапи.

Посушје е тим кој се натпреварува во најсилната лига во БиХ и сезонава по шест кола има пет бода и се наоѓа на седмата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×