Прв хет-трик на Рафиња во ЛШ, Барселона по 9 години слави победа над Баерн (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Рафиња

Барселона ја доби дерби пресметката против Баерн Минхен, Рафиња со својот прв хет-трик во Лигата на шампиони ги предводеше „каталонците“ до триумф од 4-1.

Баерн Минхен имаше шест победи во низа против Барселона, помеѓу кои и онаа со убедливи 8-2, но вечерва „каталонците“ беа подобриот противник.

Предводени од Рафиња, избраниците на Ханси Флик славеа со 4-1 за прва победа над „баварците“ по 9 години.

Резултатот беше отворен веќе во првата минута, Рафиња искорсти една грешка на Кимих, го помина Нојер и рутински реализираше за 1-0.

Кејн изедначи на 1-1 во 18. минута, но Левандовски ја врати Барса во предност од 2-1 во 36. минута. Пред крајот на првиот дел, Рафиња доби топка во фор и одлично пласираше од работ на шеснаесетникот за 3-1.

По десетина минути игра во вториот дел, Рафиња повторно беше уфрлен во фор а Бразилецот по трет пат го матираше Нојер за 4-1.

Ливерпул со 0-1 славеше против РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас и стана само вториот тим со три од три. Манчестер Сити со убедливи 5-0 ја совлада Спарта Прага, а Интер со гол во финишот стигна до минимални 0-1 против Јанг Бојс.

Лил го изненади Атлетико во Мадрид и триумфираше со 1-3, а со истиот резултат Феенорд победи кај Бенфика.

Динамо Загреб на нашите Ристовски и Адеми победи со 0-2 против Салцбург за прво славје во Лигата на шампиони оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани